Јапонскиот пасош најсилен во светот, македонскиот на 47. место

Јапонскиот пасош најсилен во светот, македонскиот на 47. место

Најсилниот пасош во светот е јапонскиот, чии сопственици можат да патуваат без виза во 191 земја, додека од регионот најдобро се котира хрватскиот пасош на 20. место, според индексот на компанијата „Хенли и партнери“ за оваа година.

Истражувањето на Хенли и Партнерс ја испитува силата на пасошот од колку земји можат да патуваат нејзините сопственици без виза, пренесува Index.hr.

Пасошот на Србија е на 39. мресто, на Црна Гора е на 46, веднаш потоа на 47. место е пасошот на Северна Македонија, 52. место го зазема пасошот на Босна и Херцеговина, додека пасошот на Косово е на 99. место.

По јапонскиот пасош следуваат пасошите на Сингапур, Јужна Кореја, Германија, Италија, Финска, Шпанија, Луксембург и Данска.

Најслаб е авганистанскиот пасош, со кој може да се патува без визи во само 26 земји.

Ирачките и сириските пасоши, сомалиските и пакистанските документи, како и пасошите од Јемен и Либија се рангираат малку подобро.

Во однос на минатата година, американските и британските патнички документи паѓаат на рангот, така што и двете земји сега се на осмото место и со нивните пасоши може да се патува без визи во 184 земји.

- Реклама -