Јапонски лекции по менаџирање на толпа

Comiket („Стрип пазар“) е најголемиот саем на светот посветен на независното издаваштво на стрипови. Се одржува два пати годишно во Токио, Јапонија, а настанот привлекува повеќе од пола милион посетители. Тоа значи: или огромни колони на чекање, или ефективна стратегија за менаџирање на толпата. А зар има некој подобар во тоа од Јапонците?

Ова тајмлапс видео е снимено во 2011-та, на декемврискиот Comiket. Материјалот е составен од фотографии снимени на интервали од 5 секунди, на последниот ден од саемот, во периодот од 13:30 до 14:30 часот (да, сите овие луѓе ќе поминат за 1 час!).

Прочитајте и:  Саем на креативни индустрии во Лабараториум
- Реклама -