Јапонија: Закани по живот за тие што се жалат од работата

radnici[1]

Сé повеќе луѓе работат до исцрпеност и за сé помалку пари, а ако одлучат да проговорат за условите за работа, можат да очекуваат и дека ќе бидат убиени, пренесува Дојче Веле во текстот за условите за работа во јапонските супермаркети, наречени комбини.

Во нив работат исклучиво работници со скратено работно време кои зависат од таа заработка колку и да е мала; меѓу нив се и самохрани мајки, студенти, пензионери… Еден од нив е и Таро Јошида, кој работи две до три ноќи неделно, за да може да ги финансира своите студии.

Неговата плата за еден час ноќна работа, која е поплатена од денската, во тој период се зголемила од 7.70 на 8.20 евра. Од друга страна, неговото здравје настрадало.

„Патам од несоница. Тоа психички некако и можам да го издржам, но физички е многу напорно. Кога работите ноќе и легнувате да спиете дури наутро, тогаш целиот ден се чувствувате скршено. Посебно ми е тешко ако работам ноќна смена непосредно пред некој испит“, раскажува Јошида.

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

Ваквиот начин на преживување во Јапонија е сé почест. Во последно време во јавноста излегуваат и посебно екстремни случаи: еден ланец за брза храна барал од своите работници да стојат на скара од 22 до 9 часот наутро, а потоа повторно од 11 до 15 часот. Тоа е, се истакнува, спротивно на јапонските закони за работа. Еден од студентите кој не сакаше да го трпи тоа дури и доби телефонски повик во кој му се заканија дека ќе го убијат ако проговори за ситуацијата.

Дури 38 отсто од сите вработени немаат постојано работно место. Тоа во многу случаи значи дека немаат сметка во банка, кредитна картичка и секако, немаат заштита од синдикатите. Случаите на експлоатација, пак, се сé почести.

- Реклама -