Јапонија врие од девици

Џабе се јачаат
Џабе се јачаат

Oсвен намалениот наталитет и забрзаното стареење на населението, Јапонија има проблем и со големиот број на сингл Јапонци и Јапонки, како и со големиот процент на стари девици, пишува „Индепендент“.

Во истражувањето објавено во „Јапонија Тајмс“, а спроведено меѓу лица на возраст меѓу 18 и 34 години, се покажува дека неверојатни 70 отсто од мажите и 60 отсто од жените кои не се во брак, исто така не се ни во врска, туку живаат сами. Но тоа не е најлошото. Најшокантно е сознанието дека 42 отсто од мажите и 44.2 отсто од жените во Јапонија никогаш немале секс.

Истражувањето го спроведува Јапонскиот национален институт за население и социјална безбедност, и тоа на секои пет години. Притоа, забележан е загрижувачки тренд: мажите и жените сé помалку имаат сексуални односи. Во 2010 година, кај Јапонците и Јапонките на возраст од 18-34 години, девици биле 36.2 отсто од мажите и 38.7 отсто од жените. Според сознанијата на институтот, сега бројот на девици е шест пати поголем.

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

Затоа пак, околу „сексуалната апатија“ на Јапонија (како што ја нарече WorldViews) цвета една голема и среќна индустрија. Феноменот кој е најтипичен за Јапонија, но има и глобална тенденција (намален наталитет, сé помалку бракови, сé повеќе сингл луѓе), нуди краток поглед кон иднината – во која многу луѓе живеат автоматизирани животи и единствената утеха ја наоѓаат во интимната технологија.

- Реклама -