Јапонија ќе обезбеди финансиска помош од над 10 милијарди долари за Украина

Во Јапонија се одржува конференција за економска обнова на Украина по руската воена инвазија, на која учествуваат јапонскиот и украинскиот премиер, Фумио Кишида и Денис Шмигал.

Јапонија ја поддржуваше и продолжува да ја поддржува Украина, истакна Кишида на форумот.

Тој најави дека Јапонија преговара со Украина за склучување билатерален инвестициски договор, но не откри детали. Двете земји веќе постигнаа договор за избегнување на двојното оданочување.

Јапонија се обврза да и обезбеди на Украина финансиска помош во износ од повеќе од 10 милијарди долари. Токио не може да му обезбеди оружје и муниција на Киев, бидејќи законодавството на азиската земја не дозволува извоз на оружје

За време на конференцијата во Токио, околу 50 јапонски компании потпишаа договори за соработка со украински компании во секторот земјоделство, енергетика и изградба и одржување на инфраструктурни објекти.

Прочитајте и:  ЕУ размислува да го замени рускиот течен гас со американски гас, објави Урсула фон дер Лајен
- Реклама -