Јанушев: Победа на народот, ВМРО-ДПМНЕ води со 7-8 пратеници

Победа на народот против власта и победа на ВМРО-ДПМНЕ, прогласи видно расположен генералниот секретар на партијата – Игор Јанушев, на прес-конференцијата по завршувањето на гласањето.

„Победуваме! Победуваме во Македонија, победуваме речиси насекаде“, рече Јанушев и истакна дека од податоците што ги има ВМРО-ДПМНЕ, од досега обработени 20%, веќе имаат предност од над 10 илјади гласови.

„Победуваме во Гази Баба со 2:1, Аеродром 2:1, Илинден, Кратово, Кривогаштани со 2:1, победуваме во Охрид и Прилеп, веќе имаме сериозно водство и иста ситуација е во Радовиш, Свети Николе и Бутел – имаме предност од 2:1, во Кисела Вода и Велес исто така победуваме“, рече Јанушев. „Обновата доаѓа, исправи се Македонијо“, додаде тој.

Прочитајте и:  Апасиев за игрите околу Законот за бранители: Правната одговорност е кај Гаши, а политичката кај 58-те пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

На новинарско прашање, Јанушев одговори дека според нивните проценки, ВМРО-ДПМНЕ имаат водство од околу 7 до 8 пратеници пред СДСМ.

На прес-конференцијата, Јанушев се пожали и на низа нерегуларности – како агитирање за време на изборен молк, поткуп на гласачи и притисоци врз администрацијата, а истите ги оцени како резултат на стравот на СДСМ од пораз.

- Реклама -