Јанушев: Ќе ги покачиме пензиите за 20%, а платите за 25%

На граѓаните им е доста од сите лаги и манипулации на власта и дека сите граѓани заслужуваат посветла и попросперитетна иднина. Овие 20 дена ќе бидат крајот на една битка за враќање на државата во рацете на народот, онаму каде што припаѓа“, порача генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборната единица 3 – Игор Јанушев, денеска во Виница.

„Видовме како не треба и дека власта на чело со Заев е неспособна да реализира било каков проект. Овие луѓе знаат да владеат само со уцени, измами и криминал. Македонија сѐ уште е држава во која првиот човек е амнестиран рекетар. На ова мора да му дојде крајот. Затоа, на овие избори ќе имаме двојна задача – прво да ја поразиме корона пандемијата, и да ја поразиме пандемијата на криминал и корупција, тоа се СДСМ и Заев“, истакна Јанушев.

Јанушев посочи дека оваа генерација мора да даде нова надеж во политиката во Македонија и да сврти нова страница, а ВМРО-ДПМНЕ има кадри кои можат и знаат како треба.

„Свесни сме дека само со работа и труд ќе си го вратиме достоинството кое сега ни е погазено повеќе од било кога до сега. 15 Јули е датумот кога ќе кажеме крај на оваа погубна епоха за Македонија и на демократски начин ќе ги испратиме во пензија сите погубни политичари. ВМРО-ДПМНЕ силно и посветено ќе работи на враќање на македонското национално достоинство. Мораме да работиме посветено и силно, мораме многу да работиме, бидејќи само така можеме да успееме ако сакаме оваа наша Македонија да ја направиме наш заеднички дом“, потенцираше тој.

Прочитајте и:  СДСМ: Новата сила и енергијата на Конгресот ја вознемири ДПМНЕ

Јанушев порача дека ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да работи за доброто на сите и се обврзува повисоки плати од 25% или за 6.500 денари повеќе за сите, повисоки пензии за 20% или повеќе од 3000 денари повеќе за секој пензионер, намалување на невработеноста под 10%, враќање на Рамниот данок и негово намалување на 8%,4 милијарди евра домашни и странски инвестиции за период 4 години.

Целосна реконструкција на повеќе од 1.000 километри регионални државни патишта, изградба на 150 километри експресни патишта низ целата држава, енергетска обнова на домовите на граѓаните со тоа што ќе овозможиме секое семејство да дојде до нова фасада и оков на својот дом при што за инвестицијата половина ќе покрие државата, природен гас за секое домаќинство со бесплатен приклучок за сите, и уште многу други проекти“, рече Јанушев, повикувајќи ги незадоволните, социјално загрозените, работниците, земјоделците и стопанствениците да се приклучат во ВМРО-ДПМНЕ и да ја изберат обновaта.

- Реклама -