Ексминистерката за внатрешни работи – Гордана Јанкулоска, добила упатен акт од судија за извршување на санкции за да биде спроведена во затвор, објави „А1он“ попладнево, (околу 17:20 часот) додавајќи дека полицијата е во нејзиниот стан и ја спроведува на издржување на казната.
Од МВР за „Канал 5“ потврдиле дека поранешната министерка е спроведена во затворот „Идризово“.
Јанкулоска е осудена на 4 години, откако Апелација ѝ ја намали казната од 6 години, за набавката на луксузниот „Мерцедес“ по нарачка на тогашниот премиер Никола Груевски.