По десетина дена во притвор, денес на посебна јавна седница во Апeлациониот суд, одбраната на екс-министерот за транспорт и врски – Миле Јанакиески, ќе образложува зошто треба да му биде укинат притворот, кој му беше доделен на барање на Специјалното јавно обвинителство, поради сомненија дека Јанакиески планирал бегство. СЈО се повикува на службена белешка од УБК, која беше демантирана и од одбраната на Јанакиески, но и од претседателот Ѓорге Иванов. Јанакиески се надева дека Апелација ќе му ја прифати жалбата и ќе го укине притворот и ќе му дозволи да се брани од слобода.
Во меѓувреме, вчера вечерта на друштвената мрежа Фејсбук, екс-министерката Гордана Јанкулоска, веројатно во знак на поддршка, објави неколку заеднички фотографии со Миле Јанакиески со хаштагот „#BFF“ – од „best friends forever“, т.е. „најдобри пријатели засекогаш“.