Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, изјави дека не планираат намалување на бројот на стипендии за студенти и го обвини СДСМ за манипулација со јавноста. Според неа, бројот на стипендии не е определен со закон, туку секоја година се утврдува исходејќи од буџетските средства и потребите на државата.
Јаневска најави дека со предложените измени на Законот за студентски стандард ќе се подобри распределбата на стипендиите, со акцент врз успехот на студентите, потребите на државата и пазарот на трудот. Таа истакна дека во претходните пет години не била исполнета квотата за социјални стипендии, поради што дел од средствата останале неискористени.
Дополнително, министерката ги демантираше тврдењата за зголемување на партиципацијата за сместување во студентските домови, нагласувајќи дека тоа не е предвидено со законските измени. Јаневска најави и ново законско решение согласно кое државата ќе ги покрие платите на вработените во студентските домови, за да се намали финансискиот притисок врз студентите. Таа потврди дека ова лето ќе започне реконструкција на сите студентски домови во земјата.



