Покрај аголната гарнитура, од домот на Катица Јанева, во истрагата за „Рекет“, биле одземени три Ајфон-и со три сим картички, УСБ уреди, десктоп компјутери, лаптоп компјутери, но и чанта од брендот „Луј Витон“, на која со злато биле изгравирани иницијалите на поранешната специјална јавна обвинителка – К.Ј., дознава екипата на „КОД“ од свои извори од истрагата, пренесува „Курир“.
Во домот на Боки 13 имало, така да се изразиме, многу поголема заплена. Претресот таму траел 5 дена, а предметите биле изнесувани со камиони. Биле запленети пари, луксузен мебел, теписи, 70 пара брендирани очила, околу 120 чанти и 71 вреќа скапа брендирана облека. Запленети се и уметнички слики на познати автори, како Личеновски, Мартиновски, Коџоман и други. Повеќе прочитајте ТУКА.