Откако вчера поради влошена здравствена состојба заврши на интернистички кардиолошки преглед во приватната болница „Жан Митрев“, поранешната специјална јавна обвинителка и денес сѐ уште не е вратена во притвор и ќе биде задржана во болница најмалку до утре.
Јанева била примена со болка во градите, како пациентка од високоризична група и со хипертензија, а откако по коронографскиот преглед ѝ се откриени аномалии, таа се третира како пациент во прединфарктна состојба.
Денес Јанева поминува низа различни дополнителни тестови и анализи и е под 24-часовна опсервација, а нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска, поради влошената здравствена состојба, најави барање за заменување на мерката притвор со поблага мерка, но откако претходно ќе ја добијат одлуката за ослободување од притвор со понудена гаранција.