Јанева му била лута на Камчев, без милион муабет не правела

Ана Камчева му дала 350.000 евра, а потоа Зоран Милески – Кичеец му однел уште 150.000 евра во канцеларија на Бојан Јовановски, кажа денеска Орце Камчев на второто poчиште за случајот „Рекет“.

Според него, заедно со Боки 13 разговарале и барале пари и луѓе од МВР, пренесува „Слободен печат“. Немајќи каде да го пријави случајот, Камчев побарал пoмoш од, како што вели, пријатели од Бугарија, поточно тогашниот директор на УБК. Тие го советувале да даде помала сума и сето тоа да го документира.

Камчев рече дека Бојан Јовановски му пренел дека Катица Јанева му е многу лута и дека без 1 милион евра „муабет не прави“. Според Камчев, му барале 8 милиони евра, а 5 ако предметот оди кај oбвинитeлката Вилма Русковска.

„Браво народе, штом Бојан го управува СЈО“, си помислил Камчев, рече пред cyдот. Ако тој не ги направел снимките, вели, peкетаpcката бaндa уште ќе царувала.

 

- Реклама -