Јанева ќе добие нови адвокати ако нејзините не оздрават до понеделник

Понеделник е крајниот рок до кога адвокатите на Катица Јанева треба да оздрават. Ако не судот ќе и назначи по службена должност. Судијката Васка Николовска Масевски ваквата одлука ја правда бидејќи немала убедлива здравствена документација која ќе потврди дека и Ирена Фрчковска и Дељо Кадиев се во толку лоша состојба што не можат да дојдат на судење. Од друга страна вели дека еден од обвинетите е во притвор па поради тоа судењетѕо мора да се забрза. Ја праша Јанева дали сака сама да си најде нови адвокати или судот да и назначи.

Јас си имам бранители. Само тоа можам да кажам, вие одлучете, рече таа.
На крајот од рочиштето Бојан Јовановски и повтори на судијката дека не може повеќе да издржи в притвор поради се полошата здравствена состојба.

Во изминативе неколку месеци на лекар сум носен 55 пати. Не сум експериментален глушец. Ве молам да не си играте со мојот живот, рече Јовановски.
Инаку од тројцата обвинети во случајот само Бојан Јовановски е во притвор додека Јанева и Милевски се во куќен притвор. Денеска беше втор обид да сведочи доскорашната колоешка на специјалната обвинителка, обвинителката Лиле Стефанова но обидот пропадна поради тоа што адвокатите се болни. Стефанова е обвинителката од СЈО која ја води истрагата за Империја во која е осомничен Камчев кој го пријави рекетирањето.

- Реклама -