Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, ја спореди денеска амнестијата која во 2016 година ја донесе претседателот, Ѓорге Иванов, со Законот за амнестија кој беше вчера изгласан во Собранието. Според Јанева, амнестијата на Иванов влијаела на работата на СЈО така што го блокирала обвинителството за два месеци.
-Амнестијата на Иванов беше сосема нешто друго од ова. За Иванов беше врз основа на непознати податоци. Иванов немаше податоци за работата и лицата кои ги амнестираше. Неговата беше тотално незаконска, беа помилувани и сведоци и странски државјани и лица кои воопшто не биле предмет на постапка на судовите и на обвинител. Тоа влијаеше така што два месеци не работеше обвинителството. На основното јавно обвинителстов и на судовите оваа амнестија сигурно ќе влијае, но не би сакал да коментирам нешто што не е во мој домен – изјави обвинителката.