Јанева ги разбуди работодавачите, доста им е од фиктивни боледувања

Причините за боледувањето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева остануваат непознати, но затоа нејзиниот случај го исфрли на површина проблемот со фиктивните боледувања, пишува „Телма“, особено откако денеска таа го затвори своето боледување и од утре редовно ќе се појавува на работа. Од Организацијата на работодавачи, овој случај го посочуваат како аларм кој треба да придонесе за решавање на проблемот. Од Министерството за здравство, исто така, бараат да се формира посебна комисија која ќе ги контролира дојавите за лажни боледувања.

„Секогаш кога има проблем со дисциплинска одговорност, се зема боледување. Во Македонија сме виделе многу такви случаи, имало и видни личности од МВР и од други јавни институции. Таквите боледувања се 99.9% фиктивни“, реагира Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи, додавајќи дека не е поинаку и со работниците, особено во текстилната, и во преработувачката индустрија. Кои работници се „најсомнителни“, односно користат најмногу боледувања, прочитајте на ЛИНКОВ.

 

- Реклама -