Јанева дала наредба за претреси на сите обвинители при влез и излез од СЈО

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, преку истражител во обвинителството дала наредба за претреси и проверки на сите кои влегуваат и излегуваат од зградата, вклучетелно и обвинителите, дознава „А1он“. Според информациите на порталот, наредбата на Јанева следува откако таа добила покана за распит од Вилма Русковска.

Новината не им била соопштена на обвинителите и останатите вработени. Јанева ја донела одлуката денес, а сите останати дознале откако на влез во СЈО, полицаецот ги стопирал и им барал да им ги провери торбите кои ги носеле со себе по налог на Јанева, велат извори за „А1он“.

- Реклама -