Разрешен сум од функцијата потпретседател на ВМРО ДПМНЕ, но јас се уште сум член на таа партија и член сум на општински комитет на ВМРО ДПМНЕ на локално ниво.
Ако ВМРО ДПМНЕ продолжи во оваа насока, остава голем простор да се направи трета опција, која за жал, би била десно ориентирана. Демантирам дека јас учествувам во создавање на нова партија. Но, останувам на ставот дека ако се продолжи со иста реторика и политика, се остава голем простор за трета опција, што не значи дека јас би учествувал во нејзино создавање или не, рече Јанчев.
На прашањето какви му се односите со Христијан Мицкоски тој вели дека нема никаква посебна комуникација, туку соработува само со општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци.
Народот е огорчен од партиите. СДСМ остави впечаток дека има лидер и премиер во името на Зоран Заев којшто донесе голем чекор и храброст. Меѓутоа очекувањата на граѓаните се многу големи. За да го испорача тоа, не знам дали партијата има капацитет за тоа.
Од друга страна имаме десноориентирана партија која покажала и во минатото и сега дека можеме да сработиме и да бидеме единствени. Мислам дека е дојдено време двете партии малку да се доближат до народот и една до друга за да успееме да излеземе како победници од ситуацијата, изјави градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев во интервју за „Телевизија 24“.