Екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски доцна попладнево од истражниот затвор во Шутка е спроведен во домашен притвор. Информација за Сител ја потврди неговиот адвокат Еленко Миланов.
Мерката притвор на Јанакиевски е заменета со домашен притвор со одлука на Апелацискиот суд, кој вчера на јавна седница ја разгледувал жалбата на одбраната за последното продолжување на 30 дневниот притвор.
Екс министерот за транспорт и врски Јанакиевски беше приведен на 29 јуни по барање на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал заедно со уште 7 други лица, осомничени во истрагата “Шпански скали”
Деспина Тодоровска