Јан Коп до Ахмети: Посветеноста на земјата за членство во ЕУ е загрозена поради падот на владеењето на правото, ќе има силна реакција од Холандија

Холандскиот амбасадор имал средба со лидерот на ДУИ, Али Амети, за да ја пренесе пораката дека посветеноста на земјава за членство во ЕУ е загрозена поради постојаниот пад во владеењето на правото, соопшти Амбасадата на Холандија во Скопје.

„Амбасадорот Дирк Јан Коп се сретна со лидерот на ДУИ Али Ахмети за да ја пренесе пораката дека по две години постојан пад на владеењето на правото, посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена низ политичкиот спектар“, се наведува во објавата на официјалниот Фејсбук профил на Амбасадата.

Во статусот за средбата, која според фотографијата се одржала во седиштето на ДУИ, се посочува и ставот на Амбасадата за политичкото влијание врз претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми.

Прочитајте и:  Даути: Законот за бранители не може да биде ставен на дневен ред на Комисијата за социјална политика, нема деловнички можности

„Исто така, неприфатливо е несоодветно политичко влијание врз позицијата на претседателот на Врховниот суд, што е судска работа и ќе предизвика силна реакција од Холандија“, стои во објавата, во која и директно е тагната/означена ДУИ.

- Реклама -