Сопругата на Џејми Оливер го контролира неговиот телефон

Џулс Оливер, сопругата на познатиот готвач Џејми Оливер, признала дека често го контролира својот сопруг и ги следи неговите активности, иако со тоа му ја нарушува приватноста. Не ја спречува ни фактот што тие се 12 години во брак и Џејми за неа често вели дека е совршената жена и мајка.

Таа објаснила дека сака постојано да ги чита неговиот имејл, СМС-пораките на телефонот, како и профилите на Твитер, Фејсбук и останатите социјални мрежи. Вели дека само на тој начин може да биде сигурна дека Џејми, кој моментално е актуелен со своето кулинарско шоу Jamie at home, нема да ја изневерува.
– Да, го проверувам неговиот имејл, неговиот профил на Твитер, па дури и неговиот телефон. Засега не сум прочитала ништо сомнително што може да ме загрижува. Џејми вели дека сум многу љубоморна, но јас мислам дека сум целосно нормална и опуштена – изјавила таа за Хералд Сaн.

Двојката има четири деца, а Џулс вели дека е подготвена и за петто. Нејзиното признание доаѓа во малку неочекуван период, затоа што таа неодамна зборуваше за тоа колку нивната врска е цврста и колку силна е нивната меѓусебна доверба.

Таа во 2008 предизвика бурни реакции откако изјави дека е целосно сигурна дека Џејми никогаш не би ја изневерил, и покрај долгите патувања за неговите кулинарски емисии.

{youtube}lI-YVfb1bSE{/youtube}

- Реклама -