Јакна која испраќа пораки на Facebook

pingЗамислете си дека одите на улица без мобилен и лапотоп, а сепак сте поврзани со социјалните мрежи и тоа преку облеката која ја носите. Тоа е идејата позади новата колекција на американската дизајнерка Џенифер Дармур која креира јакна директно поврзана со Facebook. Со ставање на капата на главата се праќаат пораки на пријателите, а кога ќе стигне одговорот се јавува вибрација како некој да ве тапка по рамото.


Замислете си дека одите на улица без мобилен и лапотоп, а сепак сте поврзани со социјалните мрежи и тоа преку облеката која ја носите. Тоа е идејата позади новата колекција на американската дизајнерка Џенифер Дармур која креира јакна директно поврзана со Facebook. Со ставање на капата на главата се праќаат пораки на пријателите, а кога ќе стигне одговорот се јавува вибрација како некој да ве тапка по рамото.

Electricfoxy_Ping_frontshot_sm

Футуристичката јакна има неколку стотици сензори кои ги регистрираат движењата додека чувствителните конци ја пренесуваат пораката до микрокомпјутерот со апликација за Facebook. Од друга страна, кога се прима пораката компјутерот ги фаќа сигналите и ги распределува понатаму по телото. Сепак, Ping! јакната има и мал недостаток – може да испраќа само претходно зачувани, стандаризирани пораки. За да не дојде до неконтролирано праќање, постои и копче за исклучување и вклучување на системот.

pingclothing3

Electricfoxy_Ping_Collage2_sm

- Реклама -