ЈАКИ СМЕ НА УСТА

big-mouth1Поплавите повторно му се закануваат на Балканот. Србија веќе ја носат повторно водите а нашите ТВ екипи се нацртани таму. Многу не боли за браќата Срби. Таму ако заврне, ние овде дигаме насипи, НАТО бомбардираше кај нив, ние во скривници се пикнавме. Тоа е таа папочна врвца која никад нема да ја скинеме. Кога во Арачиново се водеа битки за Македонија, на само 10 км од местото, Македонците пиеа кафиња у Центар со цвикери за сонце и чачкалица у уста. Стомакот полн, егото полно да плафон а како дела за заслуга, една огромна нула. Повеќе ги слушнавме бомбите на Сурдулица и Сурчин отколку детонациите у Арачиново. Законот за амнестија, тогаш ги спаси и дезертерите. Заедно со барабите од ОНА. Денес тие и понатаму продаваат памет, кој е патриот а кој е предавник. Нека го пушат!

Општина Ново Село во Штип, пушти јавен разглас во кој се бараат волонтери за полнење вреќи и за праење насипи покрај речните корита, како превенција од поплавите кои ни демнат. Се пријавија дури четворица.Ги нема оние  кои на некои таканречени спонтани собири, излагаат ко утки по наредба на една СМС порака. Сега кога свлечиштата ни демнат над куќите дремеме на интернет. Таму Зајо и Гујо се главни фаци иако Глигорче на Метео најавува потоп. Ако ни работат малку троа црпките, главна фаца би требало да биде он.

Името не го даваме, но гзот и душата одамна ни се на реверс кај лукавиот. Господ нема да ни ги чуе молитвите затоа што и тој дигна раце од нас. Не верувам дека би изреагирале и водата и поплавите во соба да ни влезат. Одамна не реагираме на дразби. Се палиме само ко мајмуни кога нашите партиски шутови прават ново продолжение од политичкиот циркуз серијал.
Јавно ги замолувам оние стотици наши херои, кои лани се сликаа како полнат вреќи во Србија, да тркнат и до штипско Ново Село. Ене го каде е. За злобните усти да не јадат лајна, ја веќе наполнив неколку вреќи. Нема да извадам фотки од настанот пошто мотивот ми е друг. Ако се разбираме.

И како наш судбински жиг, во еден ист ден Балканот одбележа смрт на три битни фацки од соседството. Во ист ден но различни години, светот го напуштија Слободан Милошевиќ, Зоран Џинџиќ и Драган Николиќ. Овој третиов кај нас познат како партизанот Прле. Николиќ е повеќе Прле овде кај нас отколку во неговата родна земја, Е затоа сме тука. И понатаму ќе се палиме на дегенерици ко Шешељ кои палат знамиња и на статии за синојте на Аркан како си играат мајтап со ороспијата која сака да биде балканска Клеопатра. Едино ми е криво за Зоран Џинџиќ. Човекот и после 13 години од неговата смрт, нема свој споменик во Белград. Јеби га. Таму сеуште коњите ги јаваат сенките на Слобо и Војо. За ликови ко Џинџиќ, овде на клетиот Балкан, има место само у црна штампа. Затоа се и они таму кај што сме и ние. Тоа е таа балканска рута каде главни фраери се палачите на знамиња. Косово, Македонија, Србија и Босна. Другите возат по друга рута. Ние ќе се палиме на Русите и на приказните дека Европа, конечно ќе се распадне. По стоти пат. Ќе си пукам у колено.

И конечно за крај во ова мое блиц, саботно обраќање. Конечно и Хорхе реши да проговори. И не искара се целиот свет. Мал бенефит за државата, голем за неговата партија. Онака предизборно. На дугме….

Излезете од филмот на режисерите кои се везден се надеваат дека со исти филмови ќе продадат ист број на карти како и на почетокот. Тоа пали у оние емисии на ПИНК и во Гранд. Таму истите фаци и истите фризури продаваат карти како и првиот пат. Шеширот на Харис Џиновиќ и натами у ин. Што да кажам понатаму? Земете си чадор, надвор устура…

НАПИША: БУЛЕВАРК0

- Реклама -