Признаваме, малку сме досадни со Хонгконг и податокот дека е четврт во светот по густина на население (6.777 жители на km²), но едноставно не можевме да го прескокнеме видеово.
Се работи за проект на Тоби Хариман, насловен „The Block Tower“. Иако досега во неколку наврати споделувавме фотографии од облакодерите, од разни автори, видеово од дрон е сосема друга приказна и далеку подобро ја доловува „вртоглавоста“ на тоа да живеете меѓу толку многу соседи.