Јадранка Дабовиќ Анастасовска се повлекува од Уставниот суд.

Уставниот суд сега брои само седум судии, откако уставната судијка Јадранка Дабовиќ Анастасовска поднесе оставка од својата позиција. По повратокот на академската сцена, таа ќе продолжи како професор на Правниот факултет. Во образложението на оставката, упатено до Собранието, Дабовиќ нагласува дека одлуката е донесена поради лични причини, поврзани со промените што се случија во втората половина на годината, кои влијаат на нејзиниот живот и семејство.

„Извршувањето на функцијата судија на Уставен суд за мене беше голема чест и одговорност. Се трудев во текот на овој период да ја извршувам должноста со целосна посветеност и професионализам. Но, по настапувањето на непредвидени околности, сметам дека не ќе бидам во можност да работам на предмети со целосен капацитет, а многу од нив не се во рамките на мојот досега стекнат професионален опсег, во кој се усовршувам веќе 40 години“, истакна Дабовиќ.

Таа стапи на должноста уставен судија на 12 декември 2023 година и во својата нова улога ќе продолжи да ги образува идните правници на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.