51
Кога станува збор за диета, тестенините никогаш не биле дел од планот за исхрана при слабеење. Сепак, оваа брза диета вклучува и тестенини за секој ручек.
Со оваа диета за 5 дена ќе изгубите 3 килограми, а дополнително ќе успеете да одржите одлична форма.
При изборот на тестенини, обидете се да изберете тестенини од цели зрна пченица, кои се особено богати со хранливи материи и витамини.
Ден 1
Појадок: парче леб намачкано со крем сирење, одозгора украсете со киви.
Ручек: варени шпагети (70 гр.), за сосот користете половина кромид, 2 домати и 150 грама варени печурки и зачинете сè со лут пипер.
Вечера: тестенини (70 g), пиперка (3 парчиња), 2 домати и малку рендано сирење.
Ден 2
Појадок: чаша јогурт (1,5% маснотии) со две лажици овесна каша и половина јаболко.
Ручек: згответе 70 грама тестенини, 1 лажица сос од домати и тиквички.
Вечера: Топли тестенини (40 гр.), 1 домат, маслинки, 3 парчиња млад кромид и 40 гр сирење. Зачинете со маслиново масло и сок од лимон.
Ден 3
Појадок: овошна салата од мандарина, 1/2 јаболко, киви и 1/4 банана.
Ручек: шпагети (70 гр.), сос од 3-4 домати, грашок и 1 морков.
Вечера: 70 гр варени тестенини со сос (2 лажици доматна паста и малку кромид).
Ден 4
Појадок: тост со сирење и парче киви.
Ручек: згответе 70 грама тестенини, послужете со 150 гр зеленчук на пареа (грав, морков, грашок, карфиол). Посипете со рендано сирење.
Вечера: шпагети (70гр), 1 краставица, портокал за десерт.
Ден 5
Појадок: јогурт со малку маснотии и јаболко.
Ручек: сварете тестенини (70 g), додадете неколку брокули (150 g), додадете рендано сирење, лук и бибер.
Вечера: 40 гр тестенини со сирење, 4 маслинки и домати. Зачинете со 1 лажичка маслиново масло, сок од лимон и бибер