Јадете грозје за поубаво да спиете

Грозјето е плод богат со мелатонин, хормон кој учествува во регулирањето на циклусот на спиење, утврдија италијански научници од Милано. Нивото на хормонот мелатонин се зголемува нагло вечер, кога организмот има потреба од одмор и се намалува постепено до утрото, кога се будиме. Експертите направиле експеримент со осум сорти грозје и ја измериле содржината на мелатонин во секое  од нив. Најмногу грозје содржи старата црвена сорта грозје „Небиоло” со потекло од Пиемонт, Италија. Другото соодветно грозје пред заспивање е Кроатина, утврдиле експертите.

- Реклама -