Јаболкото на раздорот помеѓу Путин и Ердоган

(FILES) This file photo taken on September 5, 2013 shows Russia’s President Vladimir Putin (L) welcoming Turkey’s Prime Minister Recep Tayyip Erdogan at the start of the G20 summit in Saint Petersburg. Ankara's downing of a Russian war plane over the Syrian border last November 2015 prompted rapid retaliation from Moscow and a bitter war of words between presidents Vladimir Putin and Recep Tayyip Erdogan from which there appeared no going back. But just half a year on Russia has accepted Ankara's expressions of regret over the incident and Erdogan will meet Putin in Saint Petersburg on August 8, 2016 for their first summit since the crisis erupted, in the hope of reviving the relationship. / AFP PHOTO / ERIC FEFERBERG

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се главни играчи од спротивните страни на сириската граѓанска војна.

Путин обезбеди одлучувачка воена поддршка која му овозможи продолжување на власта на сирискиот претседател Башар ал Асад, додека Ердоган е оној кој им помага на опозициските групи кои се стремат да го соборат Асад.

Кога двајцата се сретнаа во Санкт Петербург во вторникот за да ги надминат своите 9-месечни несогласувања за различни теми, едно од прашањата беше токму Сирија – дали ќе постигнат некаков напредок во однос на завршувањето на конфликтот што веќе е причина за смртта на над 470.000 Сиријци и поттикна емиграција кај уште милиони нивни сонародници.

Трагично за Сирија, одговорот е негативен

По средбата министерот за надворешни работи на Турција изјави за државната новинска агенција дека двете страни имаат “слични ставови” за потребата од прекин на огнот во Сирија, снабдувањето на хуманитарна помош и политичкото решение за завршување на кризата. Сепак, не постојат никакви показатели дека успеале да се надминат фундаменталните разлики. Русија продолжува да ги бомбардира бунтовничките сојузници на Турција, а останува нејасна и судбината на Асад – иако ситуацијата во Сирија продолжува да се влошува.

Засега во центарот на вниманието е Алепо кој беше најголемиот град во Сирија до избувнувањето на граѓанската војна пред 5 години. Денес тој е поделен на делови контролирани од бунтовниците и делови контролирани од власта. Армијата на Асад и нејзините руски сојузници ги затворија во јули последните патишта кои водат кон источниот дел на Алепо, контролиран од бунтовниците. Потоа овој викенд борбите ескалираа кога бунтовничките сили и нивните џихадистички сојузници – претежно фронтот “Ал Нусра”, поврзан со “Ал Каеда” ја прекинаа опсадата што траеше околу еден месец.

Успехот ги испровоцира силите на Асад да ги зајакнат воздушните напади врз бунтовничките цели. Високи претставници на Обединетите Нации велат дека над 2 милиони луѓе се изложени на ризик и очајна потреба од вода, храна и лекови.

Останува нејасно дали бунтовниците ќе успеат да го задржат уште долго својот дел од градот

Во средата, Русија, која учествуваше во бомбардирањето на зони контролирани од бунтовниците, изјави дека ќе прави 3-часовен прекин на огнот секој ден за да им овозможи на конвоите со хуманитарна помош да навлегуваат безбедно во Алепо. Според експертите, сепак тоа време е премногу кратко за да биде ефикасно.

Прочитајте и:  Зеленски: Украина можеби ќе треба да почека и да го надживее Путин за да си ја врати територијата

Аналитичарите се сомневаат дека предлогот може да значи обид да бидат пренасочени критиките од понеделникот, кога Советот за безбедност на ОН го ислуша сведочењето на двајца американски лекари кои се беа вратиле од лекување на повредени деца во Алепо, од кои голем дел починале. Руските дипломати веднаш го поистоветија сведочењето со “пропаганда”, која би го блокирала обидот да се стигне до “политичко решение на прашањето во Сирија.”

Целта на Советот за безбедност беше договорено политичко решение кое би ставило крај на војната, ако власта биде предадена во рацете на коалициска влада од поддржувачи и противници на Асад, што ќе управуваат со земјата додека Асад биде соборен од власта. Но годините на преговори и пропаднати дипломатски напори не доведоа до никаков напредок во ограничувањето на страдањата на обичните граѓани, а уште помалку до крај на борбите.

Сега САД и Русија повторно се обидуваат да ги рестартираат преговорите

Тие нудат договор според кој Сирија ќе го прекине бомбардирањето на бунтовничките сили, ќе има прекин на огнот, а САД ќе делат разузнавачки информации за насочени воздушни напади против “Исламска држава”, како и против фронтот “Ал Нусра”. Некои претставници на американската администрација тврдат дека споделувањето на разузнавачки податоци, макар и ризично, е потребно за да не се дозволи фронтот “Ал Нусра” да добие контрола над повеќе територии.

Иако Обама постепено ја зајакнува кампањата против “Исламска држава”, тој досега одбиваше да ги ангажира САД на страната на воени борби со Асад, и се очекуваше да ја поддржува оваа политика до стапувањето на функцијата на неговиот наследник. Крајно нејасно е како мандаторот од републиканците Доналд Трамп би пристапил кон проблемот, но кандидатот на демократите Хилари Клинтон разговара недвосмислено за сериозна воена интервенција, вклучувајќи зона забранета за летови за да се заштитат невините граѓани.

Засега единствената вистинска надеж за прекин на крвопролевањето е продолжување на разговорите што како да траат цела вечност.

- Реклама -