Јаболка зачинета со кокос

Ароматичен десерт за целото семејство.

За 4 лица:

2 големи јаболка (околу 500 г.)

100 г. кокос

75 г. шеќер

3 лажици сок од лимон

белка од јајце

80 мл. чоколаден прелив

4 топчиња сладолед од ванила

jabolki

Подготовка:

Измијте ги јаболките, со специјално ноже издлабнете ја средината, секоја исечете ја на шест дебели кругови, прелејте со две лажички лимонов сок и наредете ги во подмачкан огноотпорен сад.

Со миксер изматете цврст снег од белки, постепено додавајте шеќер и матете уште две-три минути. Додадете лажичка сок од лимон, кокос и помешајте добро.

На секоја од јаболките ставете по две лажици од смесата од кокос и печете во рерна загреана на 180 степени околу 15 минути. Млаките јаболки сервирајте ги со топка сладолед од ванила прелеана со чоколадо.

- Реклама -