Ја замени сопругата со Џенифер Лоренс и сега ќе делат 120 милиони

Aктрката Гвинет Палтроу и Крис Мартин ги поднесоа документите за развод во САД, откако ја објавија и официјално веста за нивната разделба.

Двајцата како причина за разводот ги истакнаа „непремостливите разлики во карактерите“, а како што пренесуваат медиумите тие се договориле да ја поделат подеднакво општата состојба од 120 милиони фунти.

Добитничката на „Оскар“ и фронтменот на Coldplay ќе ја делат и грижата за нивните две деца – 10-годишната Епл и 8-годишниот Моузес.

Иако се разведуваат, Палтроу и Мартин решиле да останат блиски.

И двајцата веќе имаат нови врски. Палтроу се среќава со продуцентот на серијата „Злобна семејна историја” Бред Фалчук, а Британецот и рок ѕвездата се наоѓа во прегратките на актерката Џенифер Лоренс.

- Реклама -