Ѕвездата од серијата ‘High School Musical’ Ванеса Хаџенс ја скрати косата, се поправила 7 килограми и доживеа трансформација како никогаш до сега.
Актерката Ванеса Хаџенс морала да се подложи на драматичната физичка трансформација за улогата во филмот ‘Gimme Shelter’ во која ја игра Епл, бремена 16-годишна бездомничка која наоѓа помош во градското засолниште.
Филмот е во режија на Рон Краус, а исто така глуми Росарио Досон во улога на нејзина мајка, и Брендон Фрејзер како нејзиниот богат татко на Вол Стрит кој никогаш не го запознала.
„Беше навистина забавно, бидејќи ретко добивате прилика за такво нешто. Се поправив 7 килограми, јадев се што сакам и ја скратив косата. Не жалам за тоа. Беше ослободување и ме потсети дека- ако можам да го направам тоа, можам да направам било што друго“, рекла Ванеса за американските медиуми.
Додала дека се обидела да биде погрда и да го смени стилот на одење, манирите и бојата на гласот.
Филмот ‘Gimme Shelter’ во средата беше премиерно прикажан во Лос Анџелес каде 25-годишната Ванеса се појави во долг црн фустан во кој изгледа сензационално.