Ја силувал ќерка си и видеото го пуштил на Интернет

ludakot_ppАмериканец обвинет дека ја силувал ќерка си бил уапсен во Хонгконг, со
што завршила потрагата што почнала откако девојчето својата приказна ја
кажалo на националната телевизија со што случајот се поврзал со некои
од најгрозните видеоснимки на Интернет за малтретирање деца.


ludakotАмериканец обвинет дека ја силувал ќерка си бил уапсен во Хонгконг, со што завршила потрагата што почнала откако девојчето својата приказна ја кажалo на националната телевизија со што случајот се поврзал со некои од најгрозните видеоснимки на Интернет за малтретирање деца.

Полицијата го уапсила Кенет Џон Фримен (44) кога од внатрешноста на Кина пристигнал во Хонгконг.

Фримен бил бодибилдер кој живеел во Сиетл и избегал од САД минатата година, неколку месеци откако неговата ќерка и кажала на мајка си дека тој ја нападнал четири години претходно. Тој бил ставен на Листата на најбараните на Маршалската служба и Агенцијата за имиграција и царина на САД.

Прочитајте и:  Затвор за сите 13 обвинети од „велешката група“ за сексуална злоупотреба на малолетничка

Девојчето се појавило во ТВ емисијата "Најбараните во Америка" за да раскаже за случајот. По завршувањето на емисијата во Националниот центар за исчезнати и експлоатирани деца пристигнале информации кои помогнале девојчето да се идентификува како жртва во серија видеоснимки на детска порнографија. Една таква снимка била меѓу најмногу симнуваните видеа со детска порнографија во последните неколку години, соопштија властите.

На компјутер што Фримен и го дал на својата ќерка исто така биле најдени видеоматеријали од малтретирањето.

виа.

- Реклама -