Наташа Беквалац овие денови живее во страв дека се наоѓа на мета на манијак кој ја следи и и остава подароци пред вратата од станот во кој наскоро би требало да се всели.
Пејачката се уште не ја алармирала полицијата, бидејќи се надева дека анонимниот маж ќе се откаже.
Сега кога сите работи околу новиот стан се пред крај, па преселувањето треба да започне, Наташа дозна дека ја прогонува манијак, поради кои со денови размислува што да прави, дознава и пишува српски Блиц.
– На Наташа сега не и е дојдено до долгоочекуваната селидба. Се започна кога мајсторите ја информираа дека неодамна дошол еден господин во средни години да се распрашува кога таа ќе започне да живее овде. Мислејќи дека е некој од нејзините пријатели, му одговориле дека не го знаат точниот датум, но веројатно наскоро, изјавил еден од пријателите на Наташа кој е упатен во ситуацијата.
Наташа се обидела да дознае кој од нејзините пријатели доаѓал, но бидејќи никој не и потврдил, брзо заборавила на таа ситуација. Меѓутоа, неодамна заминала да го види станот, а пред вратата пронашла неколку мали подароци: цвеќе, чоколадо и парфем. Дури имало и порака.
– Секогаш сум тука за тебе, едвај чекам да ми бидеш блиску.
Додека ја читал пораката, ја фатило језа. Соседите и рекле дека виделе човек кој шета околу зградата и заинтересирано ја разгледува околината.
Наташа се консултирала со пријателите, кои ја советувале ако продожи ова, да го пријават целиот случај во полиција.