Ја пробала диетата која ја држи Бијонсе. Ова биле резултатите

Новинарката и блогерка Мишел Персад, која пишува за Хафингтон Пост, се обидела да се угледа на познатата пејачка Бијонсе, и да ослабе неколку килограми со нејзиниот режим на исхрана.

„Во наредните три седмици ги исфрлив млечните проиводи, месото, јајцата и сите слатки од моето мени“, вели Мишел.

83650_profimedia0016363447_630x0

Марко Боргес, е познатиот холивудски диетичар и нутриционист кој ја смислил оваа диета за Бијонсе и Џеј Зи, со цел за кратко време да ослабат неколку килограми. Клучниот дел е што оваа диета мора да се држи најмалку 22 дена.

„Додека ја држите имате право на три оброци на ден, а целиот режим чини околу 600 долари. Не можам да кажам дека беше лесно да се држи. Напротив, беше навистина тешко“, додала Мишел.

„За појадок често јадев какао пудинг со чиа семе, за ручек воглавно комбинирав ориз со зеленчук, а за вечера јадев салати. Го пронајдов мојот омилен кекс во веганска варијанта, па со тоа често успевав да ја залажам гладта. Беше вистинска психичка борба која ја водев самата со себе. Од друга страна пак, имав чувство дека на работа станав попродуктивна“ открива таа.

88833_kasa_630x0

Блогерката признала дека на крајот успеала да ослабе 5 килограми, и тоа на „правилните“ места, особено во пределот на стомакот. Дали вредело? Таа смета дека не.

Дали би се одлучила повторно? Мишел вели дека нема шанси.

Без разлика на тоа колку луѓе тврдат дека ваквата исхрана е здрава, таа вели дека за неа било екстремно напорно искуство, и дека периодот од 22 дена е сепак предолг.

- Реклама -