Ја паметите ли слатката Матилда? Вака изгледа денес

Слатката Мара Вилсон ја шармираше публиката како најмалата ќерка на Робин Вилијамс во филмскиот хит „Mrs. Doubtfire“ во 1993 година.

Таа се прослави благодарение на семејните комедии „Miracle on 34th Street“ (во која го докажа постоењето на Дедо Мраз) и „Matilda“ (екранизација на истоимениот популарен роман за деца на британскиот писател Роалд Дал).

Мара во моментов работи како драмски писател и повеќе не се занимава со актерство.

За неа, глумењето во филм не е воопшто забавно и го етикетира како непривлечно, исполнето со помалку адреналин за разлика од магијата која се случува на штиците во театарот. Истовремено Вилсон појаснува дека нема намера да се врати во филмскиот свет, во кој аудициите се брутални и нечовечни, а статусот на ѕвезда – апсурден.

Вака изгледаше некогаш:

m1

Вака изгледа денес:

m2 m3

- Реклама -