Арон и Остин (19) се близнаци кои работат како модели во Лос Анџелес, а во видеото кое го објавија на YouTube, ја прикажаа реакцијата на нивниот татко, кој тукушто дозна дека тие се хомосексуалци.
Со заеднички сили, тие собрале храброст и одлучиле да му го соопштат ова и на него, како последна драга личност пред која не сакаат да се кријат повеќе.
Реакцијата на таткото е повеќе од воодушевувачка.
„Тоа е што е. Знаете дека ве сакам и секогаш ќе ве сакам. Живеете ги вашите животи и правете го она што морате“.
Близнаците се надеваат дека со нивното видео ќе ги инспирираат и другите луѓе кои се наоѓаат во слична ситуација, да не водат двоен живот чувајќи тајни од своите најсакани, и претворајќи се во нешто што не се.