Џина Роцеро е прекрасна манекенка од Филипините.
Таа откри дека била родена како момче, но отсекогаш се чувствувала како девојче, па го сменила полот.
Својата тајна одлучила да ја открие за да ја поттикне јавната свест за трансексуалците во светот.
Како што и самата вели, трансексуалците живеат под неверојатен притисок, не само во нејзината земја, туку и насекаде во светот.
На оваа состојба во прилог и оди и статистиката која покажува дека стапката на самоубиства е дури девет пати поголема кај овие луѓе, отколку кај остатокот од популацијата.
“Поради сопствениот успех, никогаш не сум имала храброст да ја споделам својата приказна. Не затоа што мислев дека ова што сум е лошо, туку заради начинот на кој светот се однесува према оние кои сакаат да бидат слободни”, објаснува прекрасната Џина, која операцијата што и го променила животот ја направила на 19 години.