Еден кинез ја наговорил својата нова сопруга да се подложи на пластична
хирургија, како би личела на првата жена која нејзиниот сопруг ја
загубил во сообраќајна несреќа.
Еден кинез ја наговорил својата нова сопруга да се подложи на пластична хирургија, како би личела на првата жена која нејзиниот сопруг ја загубил во сообраќајна несреќа.
Зао Ганг (32) ја загубил својата прва жена во сообраќајка пред три години и сега сака да го поврати нејзиното „присуство“ со тоа што неговата нова жена ќе заличи на претходната. Тој ја преживеал сообраќајката и бил сместен 18 месеци во болница, за што и денес изразува каење.
Пред 6 месеци, под притисок на неговите родители тој решил да се ожени.
„Се оженив затоа што таа физички ме потсетува на неа, и би сакал уште една шанса да ги исправам своите грешки“ – вели Зао.
Каи конечно се сложи на пластична операција, по многу убедувања.
„Чувствувам конфликт во себе. Не сакам да станам уште една сенка, но не сакам и да го изгубам семејството. Сега само се надевам дека оваа операција нема да ме направи грда.“
„Можеби е повеќе или помалку неправедно, но таа се сложи и јас ќе ја прифатам со сета моја љубов потоа.“ – вели Зао.
Сепак, докторите во болницата ги советуваат да се подложат на низа психолошки консултации претходно; пластичната хирургија не е најдобриот начин за да се задржи врската.