Ќерката на Ана Винтур на Инстаграм објавила фотографија во која се гледа дека во нејзиниот дом нема елка за Божиќ.
Ќерката на познатиот уредник на списанието „Вог“, Би Скафер, на Инстаграм објавила фотографија на која можете да ги видите натрупати кеси со поклони наредени во едек агол, затоа што во нивниот дом немало новогодишна елка.
Би открила дека нејзината мајка Ана Винтур се налутила и решила елката која не ѝ се допаднала да ја исфрли надвор.
„Мама ја фрли елката затоа што беше „премногу неуредна“, објаснила Би.
Се чини дека уредничката е иста и во приватниот живот како и на работа- строга и одлучна. Елката едноставно не се вклопувала со нејзината перфекционална слика за домот па единствена опција било да ја исфрли од надвор.