Нови раководства во општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски избран за портпарол
На седницата што се одржа вечерва, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ усвои повеќе кадровски одлуки за раководствата на општинските комитети на партијата.
Од партијата појаснуваат дека дел од избраните се нови лица што треба да внесат свежина во средините од кои доаѓаат, а дел се досегашни претседатели со остварени изборни победи и позитивни промени во локалното управување.
За нов портпарол на партијата е избран Валентин Манасиевски. Тој долги години е активен во ВМРО-ДПМНЕ, започнувајќи во структурите на УМС. Дипломирал на Филозофскиот факултет при УКИМ, а во моментов посетува магистерски студии на УГД во Штип.
„Со овие кадровски решенија, ВМРО-ДПМНЕ ја гради иднината на државата и на локално и на централно ниво“, наведуваат од партијата.
Во продолжение е списокот на новоизбраните претседатели на општинските комитети:
ИЕ 1
1. ОК Карпош – Тони Јаревски
2. ОК Кисела Вода – Иван Живковски
3. ОК Македонски Брод – Бисера Златеска
4. ОК Аеродром – Дејан Митески
5. ОК Центар – Сергеј Попов
6. ОК Сопиште – Јане Мицевски
7. ОК Студеничани – Кенан Абди
8. ОК Сарај – Мартин Стојановски
ИЕ 2
1. ОК Чаир – Ѓоко Велковски
2. ОК Бутел – Дарко Костовски
3. ОК Чучер Сандево – Зоран Бајовски
4. ОК Гази Баба – Зоран Коцевски
5. ОК Куманово – Филип Филиповски
6. ОК Старо Нагоричане – Ивица Димковски
7. ОК Ѓорче Петров – Бојан Стојаноски
8. ОК Шуто Оризари – Ерџан Демир
ИЕ 3
1. ОК Зелениково – Дејан Димишковски
2. ОК Зрновци – Виктор Анакиев
3. ОК Чешиново-Облешево – Славе Донев
4. ОК Илинден – Александар Ѓорѓиевски
5. ОК Петровец – Драгана Узелац
6. ОК Велес – Игор Здравковски
7. ОК Чашка – Трајче Мишкоски
8. ОК Градско – Александар Ѓорѓиевски
9. ОК Лозово – Стојан Пешевки
10. ОК Свети Николе – Бојан Митев
11. ОК Штип – Душко Иванов
12. ОК Карбинци – Гордана Барбашка
13. ОК Кочани – Александар Андов
14. ОК Виница – Александар Јованов
15. ОК Македонска Каменица – Љупчо Марков
16. ОК Делчево – Иван Гоцевски
17. ОК Пехчево – Миле Гошевски
18. ОК Берово – Столе Каракутовски
19. ОК Крива Паланка – Емил Спасовски
20. ОК Ранковце – Даниел Павловски
21. ОК Кратово – Љупчо Спиров
22. ОК Пробиштип – Тони Тоневски
ИЕ 6
1. ОК Тетово – Александар Велјановски
2. ОК Гостивар – Мартин Андоновски
3. ОК Теарце – Радица Ѓорѓевска
4. ОК Брвеница – Јовица Илиевски
5. ОК Јегуновце – Димитар Костадиновски
Списокот ги опфаќа новите имиња што ќе раководат со општинските комитети во наведените изборни единици. Партијата очекува од нив да придонесат со нова енергија и континуитет во работата на локално ниво.



