Извонредни фотографии што го илустрираат „забот“ на времето

Времето тече, и менува. Но времето е премногу суптилно за да можеме тие промени да ги видиме во полн ек кога нештата ги набљудуваме на редовна основа. Дури кога ќе направиме споредба преку долг временски интервал, дури тогаш ја сфаќаме моќта, па и убавината на времето. Бидејќи кога нешто е излитено – тоа е знак и дека проживеало.

„Во 95-та година, тетка ми ми купи плишана полнета мачка. Ми беше омилена играчка и цело детство спиев со неа. Кога тетка ми почина, ѝ најдовме уште една идентична мачка купена заедно со мојата, но сочувана сите овие 20+ години. Разликата е очигледна“
Излитен под во берберница. Јасно се гледа каде најмногу гази берберот.
Истата жена, некогаш и по 48 години.
Ѕид од тули обликуван од морските бранови.
Мачката се чешала од истата ногарка најмалку една декада.
Чевли после една година носење. Едната е носена на вистинска нога, другата на протеза.
Едно исто виски. Секое шише е една година помалку стоено/зреено од тоа во следното (потемно) шише.
После милиони патници и години и години седење на Union Station (во Вашингтон).
Некој си го оставил точакот врзан за дрво и никогаш не се вратил. Наводно се работи за момче што заминало во војна во 1914 година (Прва светска војна).
Истата навлака за перница. Едната е користена околу 40 години. Другата била чувана во плакар (и денес веројатно може да се продаде како колекционерски предмет).
Дрва пораснале искривени затоа што постојано се изложени на воздухот од вентилационите вентили на зградата до нив.
Истото плишано куче. Едното купено пред 33 години за синот. Другото купено сега за внукот.
Вреќите со песок на бункеров од пред 40 години сега се целосно скаменети.
Катедралата Trinity Abbey, фатена за време на чистењето.
Шумска патека користена со векови (Франција).
Излупен ѕид, по 30 години слоеви графити.
Шест месеци таложење на соли во цевка од минерален извор.
Целосно излитена педала на школски клавир после долги години користење.
Идентификациона картичка. Се гледа дека долго време работи во фирмата.
Вратите на машкото и женското веце на еден универзитет по инженерство (читај: има многу помалку женски, затоа и вратата е почитава)
95 години стар ров, ископан во Прва светска војна
Кај едните суеверие, кај другите страв од пајажини.
Ограда од ланец на една пешачка патека. По години и години користење при качување на планинари, почнала да го нагризува каменот.
„Дојде време да ја сменам дрвената прачка за мешање боја (стана претешка од напластените слоеви). Но претходно, ја исеков на пола“

„Црквата во Детроит, која 134 години стоеше неисчистена. Отсекогаш мислев дека самиот камен е црн“
Бронзена статуа на иконската балерина Маргот Фонтејн на Кралската балетска школа во Лондон. Студентите ѝ го допираат средниот прст за среќа секогаш кога ќе поминат крај неа.
Со векови и векови, посетителите и аџиите го допираат и бакнуваат стапалото на статуата на Свети Петар во Базиликата Свети Петар во Ватикан.
„Сребрен долар што дедо ми 20 години го носеше во џеб, сé до смртта“
Излитени скали. Дело на милионите посетители на Кинескиот ѕид.
Голема бела ајкула на стари години
Це-де оставено година и кусур на сонце.
После години и години откуцување картички, најдебелиот крај го извлекува ѕидот.
Мајански календар кој со својата тежина секоја година го поместува клинецот малку подоле. (Којзнае, можеби ако стигне до подот ќе дојде и крајот на светот).
Два исти пешкира, 16 години разлика.

 

Гитарата на Вили Нелсон, по 45 години употреба.
„Девојка ми работи со транскрипција. Сите букви од тастатурата ѝ се избришани“
„Лево е клучот за точакот што го користам. Десно ми е резервниот. И двата сé уште работат“
Уште еден таков.
- Реклама -