Во дигиталната ера, кога најголем дел од комуникацијата се одвива електронски, преку интернет, еден Англичанец, чиј идентитет уште не е откриен, реши да се извини аналогно, користејќи бело комбе како медиум.
Комбето било паркирано на имот што се продава, во градчето Шилдон, недалеку од Сандерленд и Њукасл. Со часови, луѓето застанувале крај имотот да прочитаат што е испишано на страничниот дел од возилото, а дел од нив и се сликале.
Не е познато ниту која е Линда, дали му простила на мистериозниот човек и дали се вратила дома, ниту пак дали го прифатила овој чуден предлог за брак…