Интересен настан од неделава, беше изборот на финалисти во шоуто „Твоето лице звучи познато“.
Прочитај повеќе: Погледнете кои ѕвезди влегоа во финале
Пејачката Неда Украден, доживеа голем срам и неправда откако водителите згрешија, претставувајќи ја меѓу финалистите.
Имено, тие прво ја прогласија за финалист, а потоа и соопштија дека не влегла.
Додека таа се радуваше заедно со Бане и Јелена, по неколку секунди, водителите и се извинија и и објаснија дека наместо неа, актерот Ненад Окановиќ влегол во финалето, бидејќи имал повеќе гласови од публиката и според правилата на продукцијата тој се наоѓа пред пејачката.