Извини, како ти беше името?

Дали некогаш ви се случило да се најдете во непријатна ситуација да сте се запознале со еден човек и точно 5 минути подоцна да не се сеќавате на неговото име?

Такво нешто може да создаде многу лоша клима за време на деловна средба. За среќа постојат начини како полесно да ги запомниме имињата на оние со кои се среќаваме. Еве неколку психолошки трикови за целта:

1. Често споменувајте го името

Кога се запознаваме со нови луѓе за прв пат, најверојатно претставувањето го прави некој заеднички пријател или колега. Наместо да кажете: “Мило ми е”, речете – „ Драго ми е што се запознавме Маја” Обидете се да го користите името во разговорот што е можно почесто (без да звучи глупаво, се разбира).

Не само што треба да ги повторувате имињата на нови лица, туку и треба да се обидете да ги запознаете малку повеќе. Така тие ќе се здобијат со одличен впечаток за најпријателска и внимателна личност, а вие нема да останете збунети и замислени доколку налетате на овие луѓе по втор пат.

2. Асоцијација на името со некоја особина

Изберете некоја особина од личноста на човекот и  асоцијација со неговото име. Или пак измислете глупаво стихче со името и кажете го во себе. Оваа техника за помнење е наречена Клучни зборови и може да биде многу ефикасна.

Ако за ваша несреќа сте морале да се запознаете со неколку луѓе на куп, проверете ја нивната облека и други карактеристики; користете ја бојата на вратоврска, косата, брадата, воопшто сè што ќе ви помогне. Во себе наречете ги “Марко, сивиот костум” или “Роберт, кафеавата вратоврска”.  И запомнете – нема да бидат облечени на ист начин следниот пат затоа обидете се да им ги запомните имињата до крајот на првата средба.

Веќе ти го заборавив името...
Веќе ти го заборавив името…

3. Асоцијација на неговото име со друг човек

Ако случајно познавате друг човек со истото име, замислете ги двајцата како се среќаваат и поминуваат време заедно. Замислете дека прават нешто што вашиот познаник сака да го прави. На пример, ако вашиот познаник Марко сака фудбал, а вие токму сте се запознале со некој по име Марко, замислете ги како играат фудбал заедно. Кога наидуваме на нови информации и ги поврзуваме со информации кои мозокот веќе ги познава, полесно е да ја потврдиме новата.

4. Не размислувајте еднократно

Кога се запознавете со непознат човек, треба да мислите свесно дека наскоро ќе го сретнете повторно. Не го фрлајте името од вашиот ум само затоа што средбата е завршена. Ревидирајате ги најважните точки од разговорот, за да имате со што да го запаметите. Откако ќе остварите разговор со него, ќе знаете нешто повеќе од неговото име и така би требало да ви биде полесно да го запаметите како сеопфатен лик.

- Реклама -