Извини Букефал, ама за најубав коњ во светот, без двоумење го сметаат фризискиот ждребец Фредерик Велики од САД. Наречен е во чест на кралот на Прусија, соопштува Daily Mail, кој го опишува ждребецот како „прекрасен до лудило“.
Долгата и раскошна грива и блескаво црната боја му носат голема популарност. На неговата Фејсбук страна има 12.500 следбеници (што е супер, како за коњ). Некои од нив звучат по малку и… лудо.
„Фредерик, ти си најубавиот коњ на светот. Само Бог може да создаде вакво ремек дело. Го одземаш здивот“, пишува еден.
Никогаш нема да има повеличествен, позгоден и посекси коњ на земјата. Никогаш, никогаш. Би сакала само да можам да го допрам и да го помирисам, само еднаш“, пишува друга обожавателка.