Изумите на НАСА кои ги користиме секој ден

nasaЛошата вест е дека најверојатно никој од нас „обичните смртници“ нема да добие прилика да се прошета по површината на Mесечината. Добрата вест е дека речиси секојдневно користиме барем еден производ поврзан со вселената и НАСА.

nasaЛошата вест е дека најверојатно никој од нас „обичните смртници“ нема да добие прилика да се прошета по површината на Mесечината. Добрата вест е дека речиси секојдневно користиме барем еден производ поврзан со вселената и НАСА.

Протеза за заби, топломер, стакла за очила, баркодот само се некои од производите кои се добиени благодарејќи на вселенските истражувања. Се работи за изуми кои настанале во лабараториите на НАСА, но со тек на време се пуштени во комерцијализација и усовршување од страна на специјализираните компании.

Инфарацрвениот топломер кои се става во увото, така, настанал заради потребите на НАСА да ја измери температурата на ѕвездите и планетите, а рачната правосмукалка најпрво требало да ја исчисти опремата на астронаутите од прашината на Месечината.

Прозирни протези за заби
На пазарот се појавија во 1987 и им го олеснија животот на бројните пациенти кои сакаа да имаат рамни заби без со месеци да имаат видливи протези во устата. Прозирниот материјал најпрво бил наменет за заштита на инфрацрвените антени од високите температури на кои биле изложени во вселената.

Очила отпорни на гребење
Ситните честички во вселената ја присилија НАСА да развие пластично стакло отпорно на гребнатинки кое денес претежно се користи при изработка на диоптриски очила. Материјалот за прв пат се појавил на заштитните кациги на астронаутите кои нив ги направил за десет пати поотпорни од класичното стакло кое го немало тој слој.

Баркод
Црно-белите линии со кои се означени сите производи во продавниците им користеле на НАСА уште во времето на подготовките за пат на Месечината за да не се изгубел прегледот над сите поситни и покрупни делови потребни за мисијата.

Разговори на голема оддалеченост
Пред луѓето да бидат испратени во вселената, НАСА изгради големи сателити кои требало да ја овозможат комуникацијата помеѓу Земјата и астронаутите. Таквите сателити денес се користат во секојденвната комуникација, односно за праќање пораки и телефонирање на големи далечини.

Wireless
Алатките кои функционираат и без жица биле развиени од практични причини: астронаутите во вселенските летала едноставно не можеле да приклучат кабли. Батерии на полнење за прв пат користеле Армстронг и Елдрин кога од површината на Месечината собирале примероци од камења.

Повеќе интересни изуми можете да погледнете на интерактивната страница на НАСА.

- Реклама -