Израелскиот претседател чекал 40 минути во авионот во Париз поради „безбедносни причини“

На израелскиот претседател Исак Херцог и неговата делегација им беше дозволено да излезат од авионот на парискиот аеродром откако поминаа уште 40 минути во авионот „поради безбедносни причини“, рече претседателскиот портпарол.

Како што се наведува, „претседателот и неговата делегација се симнаа и го продолжија распоредот според планираното“, но не се откриени детали за инцидентот, јавуваат израелските медиуми.

Весникот „Вала“ објави дека при слетувањето на авионот на покривот на аеродромот било забележано сомнително лице.

Израелската делегација, која пристигна во Париз на Олимпијадата, има зголемено обезбедување поради заканите и повиците Израел да не учествува поради војната против Хамас во Газа.

Прочитајте и:  МКС издаде налог за апсење на Нетанјаху, Галант и лидерот на Хамас
- Реклама -