Израелската армија денеска соопшти дека еден нејзин тенк „по грешка“ погодил египетска позиција на границата меѓу двете земји.
„Пред извесно време, тенк на израелската армија по грешка погоди египетска позиција во близина на границата во секторот Керем Шалом“, се вели во соопштението.
Армијата наведува дека „жали“ за инцидентот и најави отворање истрага.
МИА