Израелската армија денеска потврди дека израелскиот заложник Сахар Барух, киднапиран за време на нападот на Хамас на југот на Израел на 7 октомври, е убиен во спасувачка операција во Газа во декември.
Армијата соопшти дека го информирала семејството Барух дека нивниот син Сахар бил убиен во операција на специјалните сили на 8 декември.
Братот на Сахар, Ајдан, беше убиен во нападите на Хамас на 7 октомври, а неговите родители и двајцата браќа го избегнаа масакрот во кибуц во кој загинаа најмалку 85 лица.
МИА