Израел прва во светот започнува со четврта доза вакцина против ковид

Тел Авив, 22 декември 2021 (МИА) – Израелскиот премиер Нафтали Бенет даде инструкции да почнат подготовките за давање четврта доза вакцина против коронавирус за одредени групи од населението.

Панел здравствени експерти препорачаа четврта доза вакцина за постарите од 60 години, ризичните групи и медицинскиот персонал. Со тоа Израел ќе стане првата земја во светот што ќе дава четврта доза на дел од населението.

Се предвидува четвртата доза да се дава најмалку четири месеци по третата доза.

За да стапи во сила претстои да биде одобрена од директорот на Министерството за здравство – Нахман Аш.

Прочитајте и:  Израелските бомбардирања ги ставаат во опасност античките урнатини
- Реклама -